Листа на факти кои можеби не сте ги знаеле и нема да ви послужат нешто посебно, но ќе ве нахранат со некоја информација.- Ајкулата е единствената риба која може да трепне со двете очи.
– Сите часовници во филмот Ефтини Приказни (Pulp Fiction)се наместени на 4:20 часот.
-Нема збор во англискиот јазик кој се римува со month, orange, silver и purple (месец, портокал, сребро и виолетово)
– Сите 50 американски државе си напишани на банкнотата од 5 долари на страната каде е споменикот на Абрахам Линколн
– Мачката има 32 мускули во секое уво.
– Медот е единствената природна храна која се прави без да се уништи друг вид на живот.
– На бизнис картичката на Ал Капоне пишувало дека е продавач на мебел
– Првата човечка PEZ глава(се секавате на бомбоните) е таа на Бетси Рос, жената која го сошила првото американско знаме.
– Монетата од 10 центи има 118 вдлабнатинки по работ.
– Невозможно е да кивнеш со отворени очи.
– Името ОЗ во “Волшебникот од ОЗ“ се добило кога креаторот Френк Баум се загледал во фиоките за документи каде на една фиока пишувало A-N а на друга O-Z.
– Просечно се заспива во рок од 7 минути.
– Има 336 вдлабнатинки на голфско топче.
– “Stewardesses” е надолгиот збор кој можете да го искуцате на тастатурата само со левата рака.
– Единственото домашно животно кое не е споменето во Библијата е мачката.
– Златната риба има меморија од 3 секунди.
– Мајк Џордан заработува од NIKE годишно повеќе пари одколку сите фабрики на NIKE во Малезија.
– Најдолгиот топографски поим кои сеуште е во употреба е рид во Нов зеланд Тaumatawhakatangihangaoauauotam-eteaturipukakapikimaungahoronukupokai-whenu a kitanatahu
– 1 во 2.000.000.000 ќе доживее да прослави 116 роденден.
– Мачката не може да ја движе вилицата странично.
– Реченицата “ The quick brown fox jumps over the lazy dog” ја користи секој буква од англиската алфабета.
– 111.111.111 x 111.111.111 = 12.345.678.987.654.321
– Зборот Џип доаѓа од инцијалите на генералното возило во Амриканската армија – General Purpose vehicle (G.P).
– Името Венди е прв пат употребено во цртанот Петар Пан на Дизни.
– Слоновите се единствени цицачи кои не можат да скокаат.
Прочитајте ги и следниве статии:
10 интересни факти кои сигурно не ги знаете
Неколку Кока Кола факти
Факти за цигарите: Што е лошо, а што е добро
Пронајдете не на следниве мрежи: