Пред јадење, по јадење, по употреба на тоалетот – дали мислите дека тоа е доволно?
Бактериите се насекаде, дури и на местата каде што најмалку ги замислувате, постојано сте во контакт со нив и ги допирате валканите површини.
Иако можеби ви звучи смешно да читате зошто треба да ги миете рацете и сметате дека веќе го знаете тоа, добро е да се потсетите.
1. Допирате многу кваки од врати во текот на денот и го занемарувате тоа.
2. Сунѓерот во кујната е многу валкан и полн со бактерии.
3. Вашето биро веројатно има повеќе бактерии отколку тоалетна школка.
4. Од дома до работа допирате премногу површини со бактерии – од копчиња во лифт, до волан во автомобил или шипки во јавен превоз.
5. Дури и ако измиете раце пред да јадете во ресторан, со допирањето на менито или друга површина, вашите раце повторно стануваат валкани и полни со бактерии.
6. Вашиот телефон е преполн со бактерии, а тоа е нешто што цело време го допирате без да го перципирате како валкано, а исто и клучевите.