6 реченици кои ги користат мажите кои изневеруваат

Иако сите мажи не се исти, оние кои ги изневеруваат своите партнерки редовно користат исти фрази со намера да ја скријатили оправдаат својта постапка.  Ова се најчестите 6:

“Ние сме само пријатели”

Доколку сте откриле дека вашиот партнер разговарал со девојка за која до сега не сте слушнале, секако дека ќе почнете да се сомневате. Ако не ви ја споменал пред сами да откриете за неа тогаш сомежот секако е оправдан. Постои голема можност таа да не му е пријателка туку љубовница.

“Почитувај ја мојата приватност и не ми го допирај телефонот”

Не сака ни да му го допрете телефонот бидејќи се плаши дека би можеле да ги видите пораките кои му ги испратила љубовницата, или пак дури и нејзини фотографии. Една работа е да се почитува приватноста, а друга е непотребна тајност и прикривање. Доколку не ви дозволува ни да го допрете неговиот телефон и постојано го држи при себе за тоа сигурно има некоја причина, а на вас е да откриете која е таа.

“Ме изневеруваш така?”

Мажите кои изневеруваат честопати и своите партнерки ги обвинуваат за неверство. Зошто? Бидејќи почнуваат да размислуваат на следниот начин: “Ако јас можам да ја изневерувам, сигурно и таа го прави истото”.

“Не си доволно добра”

Одеднаш кон вас започнал да се однесува поинаку и многу работи кај вас почнуваат да му сметаат, а вие немате никаква идеја во што е проблемот? Голема е веројатноста дека вашиот партнер се гледа со друга девојка. Сам себе се обидува да се убеди дека не сте доволно добри за него за да си ја смири совеста и да пронајде оправдување за својот чин. А всушност, во реалноста вие сте и повеќе од “добра”.

“И сам можам да си ја исперам облеката”

На почетокот ова ќе ви делува како да ви помага околу домашните обврски, но постои и друга страна на приказната. понекогаш мажите го прават ова за да нивната партнерка не ги препознае “трагите” од друга жена, како на пример мирис на перфем, кармин или некој друг доказ за неговата афера.

“Ќе морам да се задржам на работа”

Одеднаш тој мора да останува подолго на работа и да се враќа дома многу касно отколку порано? Доколку е така, постои можност дека вашиот партнер не е на работа туку во прегратките на друга жена. Долгиот состанок на работа е всушност еден од најчестите изговори кои ги употребуваат мажите кога изневеруваат.

Пронајдете не на следниве мрежи: