За да бидете здрави, не треба само да ги следите правилата за хигиена, туку треба и правилно да го правите сето тоа. Во спротивно, ефектот нема да бидат ист. Ќе бидете изненадени кога ќе откриете дека многу работи сте ги правеле погрешно целиот живот, дури и најобичните. Погледнете кои се најчестите грешки што ги правите и како правилно да се грижите за себе.
1. Се туширате премногу често
Можеби звучи чудно, но туширањето премногу често е исто толку лошо колку и воопшто да не се туширате. Според експертите за заразни болести од Универзитетот во Колумбија, честото туширање ја прави вашата кожа сува и испукана, а тоа им овозможува на микробите полесно да навлезат во вашето тело преку овие рани. Експертите препорачуваат туширање не повеќе од еднаш во текот на денот.
2. Не ги миете рацете пред да одите во тоалет
Можете да најдете бактерии не само на тоалетот, туку низ целата куќа. Ова значи дека ако не сте ги измиле рацете долго време, бактериите веројатно се присутни и на нив. При одење во тоалетот, допирате делови од телото за коишто микробите се многу опасни. Така, миењето на рацете пред да одите во тоалет е многу поважно отколку миењето потоа.
3. Пуштате вода во тоалетот со отпечатокот на прстот
Тоалетот е веројатно највалканото место во домот. Набљудувањата покажуваат дека дури 90 минути по пуштањето вода во тоалетот, десетици капки со бактерии се сè уште на површината. Затоа, обидете се да пуштите вода со надворешната страна на прстот. Ова може да ви помогне многу, во случај да допрете нешто пред да ги измиете рацете. На тој начин, нема да ги раширите бактериите насекаде.
4. Спиете на истата перница долго време
Пердувите се рај за честичките прашина и за мувлата. Со текот на времето, тие може да стигнат до лицето и да предизвикаат проблеми како што е демодикозата. Ова е уште една честа причина за проблеми со кожата. Едно истражување открива дека честичките прашина може да предизвикаат алергии, што подоцна предизвикуваат назална конгестија, отеченост и иритација на горните респираторни патишта. Исто така, експертите препорачуваат да ја перете перницата секоја недела на температура од најмалку 55 °C.
5. Им дозволувате на миленичињата да спијат со вас
Правилата за хигиена треба да ги следите дури и во текот на ноќта. Тоа значи дека не треба да им дозволувате на мачките и на кучињата да спијат во ист кревет со вас. Дури и најдобро негуваните миленици носат многу бактерии на своето крзно. Можеби нема да верувате, но некои од нив може да предизвикаат бубонска чума. Статистиката вели дека помеѓу 1977 и 1998 година имало 23 случаи на инфекција од оваа смртоносна болест што ја пренесуваат домашните мачки.
6. Го миете лицето со сапун
Многу луѓе мислат дека ако двапати на ден го мијат лицето со сапун, тоа ќе биде многу чисто и ќе ги избегнат воспаленијата. Но, тоа мислење е погрешно затоа што сапунот ги затнува порите и предизвикува воспаленија на кожата. Дерматолозите потенцираат дека сапунот не бил првично наменет за лице. Кога го користите, ја уништувате заштитната бариера и го нарушувате нивото на pH-вредноста на вашата кожа.