Продавницата за апликации на Apple е горда на стотината илјади апликации што се допстапни за корисниците на iOS, но во текот на годината илјадници апликации се одбиваат бидејќи не ги задоволуваат стандардите на Apple.Во Google не се толку пребирливи, па дел од овие апликации се достапни на Android. Таквиот однос од една страна им гарантира на корисниците дека ќе бидат почитувани некои стандарди, но од друга страна ги лишува од многу интересни апликации.
Telegraph направи листа на некои од апликации кои се одбиени од Apple, но без проблем фигурираат во Google Play.
Send me to heaven
Оваа интересна „игра“ од корисникот бара да го фрли својот смартфон, колку што е можно повисоко во воздухот. Играта го користи акселометарот за да измери колку високо летнал телефонот.
Претпоставката е дека корисникот потоа ќе може да го фати својот уред.
Apple ја одбил оваа апликација бидејќи „охрабрува однесување кое може да резултира со оштетување на уредот“. но, Google нема проблем со тоа, па апликацијата е достапна во Google Play.
Tawkon Radiation Detector
Оваа апликација би требала врз основа на податоците за околината, оддалеченоста од предавателите и времето што корисникот го минува користејќи го својот мобилен, да пресмета колку телефонот зрачи и на кој степен зрачење бил изложен корисникот.
Apple ја отфрли апликацијата поради стравот дека ќе ги преплаши корисниците и ќе ги оддалечи од користењето на смартфонот.
Повеќе на: gsm.mkВо Google не се толку пребирливи, па дел од овие апликации се достапни на Android. Таквиот однос од една страна им гарантира на корисниците дека ќе