За поголемиот дел од луѓето, сексот е една од најрелевантнните работи во светот. Сексот продава и владее. Но, постојат луѓе во светот на кои сексот воопшто не им е тема за интерес. Тие се асексуални. Затоа, денес ќе ви пренесеме некои од нивните изјави.Проценето е дека околу 1% од популацијата себеси се смета за асексуална. Во едно британско истражување во кое учествувале 18.000 испитаници, 1% го заокружиле одговорот „Никогаш кон никого не сум почувствувал/а физичка привлечност“.
1. Животот нема смисла без секс
Џулијана: „Медиумите секојдневно нѐ бомбардираат со пораки што содржат сексуални содржини и тоа ни создава дополнителен притисок. Но, сѐ додека добро се знаете себеси и знаете што сакате, тогаш таквиот начин на размислување не е проблем. Не е точно дека мојот живот нема смисла. Јас се дружам со моите пријатели, излегуваме и имаме позитивни искуства. Единствената работа која што не ја правам е да практикувам секс. Ние сме исти како и обичните луѓе, само што немаме сексуални нагони.“
2. Луѓето не веруваат во постоењето на асексуалци
Енди: „Кога луѓето ќе слушнат дека сум асексуален, во почетокот се многу збунети. Обично се трудат да го оспорат она што го чувствувам. Едноставно не сфаќаат, мислат дека сум хомосексуална личност или дека ги потиснувам своите нагони. Или коментираат дека во прашање се хормоните и дека за неколку години, кога ќе се заврши физичкиот развој, ќе чувствувам нешто друго.“
3. Можете да бидете асексуалци, но сепак да уживате во сексот
„Асексуалните личности можат, но не мораат да имаат желба за воспоставување на романтични односи. Многу мои асексуални пријатели се во врска, но немаат секс. Тие чувствуваат физичко возбудување, но тоа не е насочено кон никого. Можат да се самозадоволуваат, но никој не ги привлекува физички. Можат физички да уживаат во сексот, но не чувствуваат потреба со некого да имаат секс.“
4. Асексуалноста ги комплицира врските
„Луѓето обично чувствуваат сексуална привлечност и имаат желба за сексуални односи. Кога ги набљудувам девојките, имам желба за интимност, но не и за секс. Можете со некого да бидете блиски и без физичка блискост.“
5. Тешко е да се дефинира нешто што не е присутно
„Асексуален сум, но и понатаму имам романтични чувства, сакам да бидам во врска и сакам близина. Никогаш не сум бил во врска, но постојат луѓе со кои сум бил многу близок. Асексуалните личности многу се разликуваат по прашање на сексуалноста, од оние кои чувствуваат многу малку желба, до оние кои чувствуваат аверзија кон сексот. Јас спаѓам во тие вторите. Едноставно не би се чувствувал пријатно ако имам секс.“
6. Луѓето мислат дека асексуалноста е болест
Според истражувањето од магазинот „New Scientist“, некои асексуалци може да имаат многу мал сексуален нагон, а други имаат нормални сексуални потреби, но едноставно не ги привлекуваат други луѓе. Некои од нив сѐ уште сакаат да формираат блиски и долготрајни емоционални врски со другите луѓе, па дури и да имаат деца по пат на ин-витро оплодување, со цел да го избегнат сексуалниот однос.
Асексуалноста се смета за четвртата сексуална ориентација по хетеросексуалноста, хомосексуалноста и бисексуалноста.Проценето е дека околу 1% од популацијата себеси се смета за асексуална. Во едно британско истражување во кое учествувале 18.000 испитаници, 1% го



