6 цврсти докази дека животот станува подобар со текот на годините

Додека во младоста се уште се пронаоѓаме себеси, со текот на годините учиме да го прифатиме тоа што сме, животните цели, мудроста и уживањето во малите работи.Среќата го достигнува врвот во 60тите
Според научни истражувања, два пати во нашиот живот нашата среќа го достигнува врвот: првиот пат на 23 години, а вториот пат на 69. Во 20тите години од животот нашата среќа почнува да опаѓа, го достигнува дното во 50тите, но во 60тите повторно расте, па така луѓето на 18 години се понесреќни од оние на 80.
Животот не е прав пат, туку пат полн кривини
Стабилизирањето на среќата и порастот на истата настанува по 50тите години, бидејќи дотогаш луѓето се во онаа „криза на средните години“ и се уште учат многу убави и неубави нешта за животот.

 
Младоста не е синоним за среќа
Постои едно неисправно мислење дека човечката среќа лежи во младоста. Младите мислат дека како што ќе растат и созреваат, ќе стануваат понесреќни, па затоа често носат погрешни одлуки за кои подоцна сносат последици.
Колку сме постари, толку повеќе ги цениме малите работи
Младите повеќе тежнеат кон големи потфати, возбудливи и драматични ситуации, бидејќи имаат потреба преку тие случувања да го градат својот идентитет, додека пак старите луѓе повеќе среќа наоѓаат во помалите работи.

 
Задоволството доаѓа по остварувањето на целите
Луѓето се генерално посреќни откако ќе ги остварат своите животни цели, како вработување на добро место, запознавање на верен и искрен партнер, создавање семејство… Дури по сите тие работи, луѓето се среќни за своите постигнувања и можат да уживаат во остатокот од животот.
Колку постар сме, толку полесно се прифаќаме себеси
Штом мирот и среќата доаѓаат однатре, нема смисла да се бараат надвор. Како си течат годините, така луѓето с епомалку с еобидуваат да станат нешто што мислат дека треба да бидат, и научуваат да се прифатат себеси такви какви што се, со сите свои маани и доблести.Среќата го достигнува врвот во 60тите
Според научни истражувања, два пати во нашиот живот нашата среќа го достигнува врвот

Пронајдете не на следниве мрежи: