Дали треба да им веруваме на славните личности како што се Деми Мур или Камерон Дијаз кои тврдат дека тајната на нивната убавина е токму сексот? Веројатно и треба затоа што сексот, не само што прави да се чувствуваме убаво, туку и докажано помага во убавиот изглед од глава до пети.Еве неколку начини на кои сексот влијае врз надворешната убавина:
Сексот согорува калории – тринаесет минути секс согорува околу 85 калории. Moжеби тоа Ви изгледа малку, но на долгорочен план, сексот е најзабавниот сојузник во одржување на витката линија.
Сексот ја прави кожата сјајна – сексот ја подобрува циркулацијата на кожата, со што се зголемува нивото на кислород. Резултатот е природен и здрав изглед на кожата, а хормонот окситоцин кој се ослободува пред оргазмот, помага во обновување на ќелиите на кожата и во одржување на нејзиниот сјај.
Сексот помага во борбата против акни и ги чисти порите – страста помеѓу Вас и Вашиот партнер предизвикува зголемено потење, а со тоа се чистат порите од разните нечистотии. Иако не постојат научни истражувања кои го потврдуваат ова, многумина веруваат дека сексот ја чисти кожата од акни.
Сексот го одржува здравјето на косата и цврстината на ноктите – сексот влијае и врз изгледот на Вашата коса, благодарение на зголеменото ниво на естроген. Во истовреме, хормоните кои ѝ даваат блескав сјај на косата, помагаат и во зацврстување и подобрување на квалитетот на Вашите нокти.
Сексот Ви овозможува добар и квалитетен сон – окситоцинот или со други зборови, хормонот на љубовта, кој се ослободува од телото за време на оргазмот, е “виновникот” за поспаноста и потполната релаксација по сексот, што води кон длабок и мирен сон.
Сексот Ве прави среќни – за време на сексуалниот однос, во телото се лачи ендорфин кој го подобрува расположението. Со тоа, среќата и сексот формираат затворен круг – кога сте среќни, имате поголема желба за секс, а за да бидете среќни – имајте секс.Еве неколку начини на кои сексот влијае врз надворешната убавина:
Сексот согорува калории – тринаесет минути секс согорува