6 начини за добро да се наспиете!

Добриот сон е најважен за човековото здравје. Но, колку во денешно време спиеме квалитетно е вистинско прашање.Сите знаеме дека за да функционираме добро, потребен ни е квалитетен сон. Со денешното темпо на живеење тоа е малце тешко. Но, имаме неколку корисни совети за вас!
1. Поминувајте повеќе време со пријателите и семејството.
Дружењето ни помага да собираме повеќе информации и ни создава избалансиран ден.
2. Медитирајте.
Медитацијата е дефинитивно нешто што треба да го внесете во животот. Тоа ќе ви помогне да се ослободите од негативните мисли. Практикувајте го обично по напорните работни денови.
3. Користете природни масла како лаванда.
Пропрскајте лаванда на вашите чаршави за спиење. Ќе забележите дека тоа ќе ве смири и ќе ви го крене расположението.
4. Избегнувајте доцни оброци.
Доцните оброци може да ви предизвикаат тегоби при варењето и стомачни проблеми. Обидете се да јадете барем 3-4 часа пред да спиете.
5. Кажувајте им на пријателите и семејството дека ги сакате.
Тоа ви дава можност да си олесните на душата и секако ќе ви се зголеми нивото на серотонин.
6. Искажувајте благодарност.
Ова ќе го истренира вашиот мозок да создава позитивни мисли.
Да, ова навистина е корисно за да добиете добар сон. Исто така можете често да одите на кратки прошетки, да уживате во топла бања, да прочитате добра книга или пак, да ја слушате вашата омилена музика.
 
 Сите знаеме дека за да функционираме добро, потребен ни е квалитетен сон. Со денешното темпо на живеење тоа е малце тешко. Но, имаме неколку корисн

Пронајдете не на следниве мрежи: