Истражувањата покажуваат дека одреден вид на храна има многу поголема корист за човековиот организам од останатите намирници.Еве кои намирници ќе ви помогнат да го зајакнете организмот и да го заштитите вашето тело од бројни воспаленија и инфекции.
Јогурт
Редовниот внес на добрите бактерии кои се наоѓаат во јогуртот делуваат благотворно врз здравјето на цревата и општо целиот имунитет. Една студија на универзитетот во Виена покажала дека 200 милилитри јогурт дневно ги зголемува резервите на витаминот Д, што исто така го намалува ризикот од разни воспаленија.
Супа од кокошка
Таа не го лечи само воспаленото грло, туку обезбедува и доволна хидратација на телото и изобилува со нутриенти кои го активираат имунитетот. Супата од кокошка е исто така одлична за исфрлање на секретот од белите дробови.
Печурки
Печурките се богати со селен, витамин Б и антиоксиданси, а студиите покажуваат дека тие го поттикнуваат создавањето на белите крвни зрнца, кои се задолжени за борба со бактериите и вирусите. Можете да ги консумирате како дел од салати, со тестенини, јајца или со месо – важно е само да ги консумирате.
Чај
Најдобро е да консумирате зелен или црн чај, кои изобилуваат со полифеноли и флавоноиди и ги уништуваат слободните радикали. Катехините од чајот докажано ги убиваат вирусите и делуваат како интерферони. Во сезоната на грип, консумирајте по две шолји чај дневно.

Брокули
Овој суперзеленчук изобилува со витамините А и Ц, како и бројни антиоксиданси. Најдобро е да ги консумирате зготвени на пареа, а можат да се јадат и во сирова форма, како додаток во салати.
Сардини
Сардините се богати со омега-3 масни киселини кои докажано го намалуваат ризикот од разни воспаленија, зајакнувајќи го имунитетот. Освен сардините, одличен избор е и туната и лососот, а во сезоната на грип треба да го зголемите внесот на риба во вашата исхрана.
Еве кои намирници ќе ви помогнат да го зајакнете организмот и да го заштитите вашето тело од бројни воспаленија и инфекции.