Добрите резултати на тестовите се неопходни за добивање одлични оценки за запишување на факултет, или пак дипломирање со солиден просек. Овие шест нешта се мошне корисни за вас во деновите кога имате испити.Џвакајте гума за џвакање
Џвакањето гума за џвакање пред или за време на испит значително го подобрува вашиот перформанс на истите бидејќи го забрзува крвотокот кон мозокот. Во едно истражување на група ученици им била дадена гума за џвакање за време на математички тест, и тие покажале подобри резултати отколку оние кои не џвакале.
Појадувајте
Не седнувајте на тест со празен стомак. Како што на моторите им треба масло, на вашиот мозок му треба храна, па затоа најдете неколку минути да каснете нешто пред да влезете во училницата и да го решавате тестот.
Пијте вода
Во едно истражување се докажало дека студентите кои си носат шишенце вода на испити имаат подобар перформанс од оние кои не пиеле вода.
Вежбајте
Направете неколку вежби пред да одите на испит. Така ќе ја раздвижите крвта во телото а и во мозокот. Исто така, ќе ги зајакнете невроните и ќе бидете подобро фокусирани на задачите.
Планирајте си награда
Поставете си некаква цел, или почастете се со нешто по добро сработениот тест. Ветувањето дека со нешто ќе се наградите може дополнително да ве мотивира да работите подобро и да дадете подобри резултати.
Избегнувајте ја брзата храна
Заменете ги пржените компири со чинија овошје. Брзата храна со премногу масти само ќе го забави крвотокот и ќе ви го отежни размислувањето и правилното решавање на задачите.Џвакајте гума за џвакање
Џвакањето гума за џвакање пред или за време на испит значително г



