6 паметни употреби на лушпите од јајца

Освен што е најчесто користена намирница во скоро сите рецепти и оброци, јајцето има низа хранливи вредности и по искористувањето на неговата содржина. Имено, лушпата од јајцето е пријател на секое домаќинство, а неговата моќ ја користеле нашите баби и дедовци и тоа со причина.Во продолжение, Ви претставуваме 6 корисни употреби на овој цврст оклоп.
Природен пестицид
Истолчете неколку лушпи од јајца и со нив обложете ги билките во круг во градината. Лушпите ќе ги заштитат растенијата од малите штетници како што се гасениците и полжавите, и ќе делуваат како природен пестицид. Мирисот на јајце исто така ќе ги држи настрана непосакуваните гости во градината.
Чистач на каменец
Добро иситнете ги лушпите од јајце (ставете ги во кујнска крпа и истолчете ги со помош на толчник) а потоа измешајте ги со јаболков оцет и користете ги како абразивно средство за отстранување на каменец од мијалникот, термосот и садовите.
Евтин водоинсталатер 
Издробете неколку лушпи од јајце и ставете ги во одводот, па пуштете ја водата да тече. Со помош на млазот, лушпата ќе помине низ цевките и со себе ќе ги однесе сите насобрани нечистотии и маснотија.
Кујнско помагало
На дното од јајцето направете дупче со пречник од половина центиметар и нежно протресете го јајцето за да излезе содржината. Измијте ја лушпата под млаз вода и исушете ја, а потоа истата можете да ја користите во кујната како калап за правење чоколадни јајца. 
Средство против чешање
Во стаклен сад, ставете ги лушпите од јајцата заедно со јаболков оцет и оставете ги така да отстојат 2 дена. Лушпата ќе омекне и ќе создаде хомогена смеса која ќе можете да ја користите за иритации на кожата и чешање, особено оние кои се предизвикани од убод од инсекти.
Додаток во исхраната на домашните миленичиња
Лушпите од јајца ставете ги половина час во рерна, на температура од 250 степени. Потоа оставете ги да се изладат, ставете ги во кесичка и добро иситнете ги со притискање со помош на толчник или друг предмет. Вака здробената смеса додавајте ја во храната на Вашето куче како надоместок на калциум за здрави коски и заби на Вашето милениче.Во продолжение, Ви претставуваме 6 корисни употреби на овој цврст оклоп.
Природен пестицид
Истолчете неколку лушпи од јајца

Пронајдете не на следниве мрежи: