6 Природни антибиотици кои ги имате дома

Еве како на природен начин да се справите со одредени здравствени проблеми без да посегнете по пилулите.Жалфија
Таа е многу здрава кога станува збор за инфекции во усната празнина, грлото, како и проблеми со дишните патишта. Исто така е многу поволна за инфекции во желудникот и цревата. Жалфијата помага и при смирување на организмот, снижување на температурата и други симптоми на настинка и грип. Научно е докажано дека таа има силни антивирусни и антибактериски својства, поради што од неа денес се прават многу лекови.
Мед
Медот е најкористениот антибиотик уште од почетокот на древните цивилизации, во сите култури. Денес е научно докажано дека овој сладок лек има антибактериско дејство, и многу помага при осипи на кожата, изгореници, гребнатинки, совршено ги чисти забите и устата од бактерии, го спречува крварењето на непцата, а и многу помага при справувањето со лирови и пликови.
Цимет
При истражувањата во неколку болници, откриено е дека циметот може да убие многу бактерии, па дури и оние поотпорните на антибиотици, како ешерихија коли.

 
Лук
Во времето на фараоните во Египет, на робовите им се давал лук за поголема сила за работа, но и за заштита од многу болести. Лукот содржи алицин, состојка која има антибактериско и антигабично дејство, што дури го штити и смиот лук од штетници. Лукот многу ефикасно лечи воспалениа, болку во грлото и забоболки (само исечкајте малку лук и ставете го на болниот заб).
Каранфилче
До денес маслото од каранфилче се користи во стоматологијата како антисептик за усната празнина и коренските канали на забите. Еугенолот кој се наоѓа во каранфилчето е ефикасен против многу бактерии. Ако ве боли заб, џвакајте каранфилче, болката ќе мина за максимум еден час. Сепак, подобро е кога при рака имате масло од каранфилче.
Оригано
Во кулинарството најчесто го користиме видот на оригано Origanum vulgare, додека најефикасниот антибиотик од овој вид е Origanum minutiflorum. Тој содржи и до 90% активна состојка карвакрол. Старите грци подготвувале масло од оригано за проблеми со дишните патишта, рани и каснувања од змии, додека во средниот век ориганотот станало популарно во цела Европа и с екористело за лечење инфекции.Жалфија
Таа е многу здрава кога станува збор за инфекции во усната празнина, грлото, како и проблеми со дишните патишта. И

Пронајдете не на следниве мрежи: