6 работи кои најпродуктивните луѓе ги прават секој ден – II дел

Првите три карактеристики кои ги имаат  продуктивните луге ги споменавме во текстот кој можете да го најдете на следниот ЛИНК. Продолжуваме понатаму, прочитајте…4 Концентрацијата не е ништо повеќе туку отсранување на работите кои го одвлекуваат  вниманието
Дали модерниот живот трајно ја оштети нашата способност за внимание?
Не. Имате само премногу привлечни, лесно пристапливи, прекрасни работи  достапни за вас 24/7 повеќе од било кое друго човечко суштество, кое некогаш ги имало.
Одговорот е да се одбидете да ги оттргнете од себе сите тие работи кои ви го одвлекуваат вниманието.
„ Прво и основно, концетрацијата е функција за ограничување на бројот на опции за одложување, кои си ги давате себеси … Мислам дека концентрацијата се смета за магична способност. Не е магична способност. Тоа е да се затворите во изполирана просторија заедно со проблемот кој треба да го решите. Тоа е Тоа. Степенот до кој ќе го систематизирате проблемот, зависи од тоа колку ќе се сконцентрирате“, советува Тим.
Голем број на студии покажаа дека најдобриот начин  да го смените вашето однесување е да ја промените вашата околина.
Додека работат постојано ги прекинуваат, како успеваат да завршат се?
Работејќи од дома 90 минути науто, кога никој не може да ги вознемири.
Некои од вас сигурно размислуваат. Имам други обврски. Состаноци. Потребен сум му на шефот. Сопругата ме бара. Не можам само да се сокријам.
Затоа ви е потребен план

 
5 Направете личен план
Вашите рутини можат да бидат формални или лични – но и во двата случаи, продуктивните луѓе имаат рутина
„Дефинирањето на рутини е многу поефикасно отколку да се потпирате на само-дисциплини. Мислам дека само-дисциплината е преценета.
Дозволувајќи си опција да го направите она што не сте одлучиле да го направите е формула за неуспех. Ги охрабрувам луѓето да развијат рутина, така што донесувањето на нивните одлуки ќе се применува само врз најкреативните аспекти на нивната работа“, додава Тим.
Што дознаваме кога систематски ќе ги анализираме големите  генијалци на сите времиња? Скоро сите имале лични рутини кои функционирале за нив.
Значи, подготвени сте да се разбудите утре со план и да не „реагирате“. Како да биде сигурни дека ќе го следите сето ова утре? Едноставно е.
6 Дефинирајте ги вашите цели претходната ноќ
Разбудете се знаејќи што е поважно пред хитните обврските од денешниот ден.
„Дефинирајте една или две важни обврски пред вечерата, претходниот ден“, советува Тим.
Истражувањата покажуваат дека доколку ги запишете  обврските  кои треба да ги извршите утре, ќе ги извршите многу полесно.4 Концентрацијата не е ништо повеќе туку отсранување на работите кои го одвлекуваат  вниманието
Дали модерниот живот

Пронајдете не на следниве мрежи: