Велат дека делата се поважни од зборовите, но во некои ситуации зборовите се сепак посилни од делата, посебно кога се во прашање нашите деца.Во продолжение, погледнете ги 6-те реченици кои треба секојдневно да му ги кажувате на вашето дете.
Сакам кога… Не го ставајте акцентот на она што го прават “лошо” или “неправилно ” туку пред сè фокусирајте се на позитивните аспекти од нивното однесување.
Се гордеам со тебе. Нема подобра пофалба за добар успех. Меѓутоа, понекогаш даваме сè од себе, но резултатот не е задоволувачки. Во таквите моменти децата не треба да ги слушаат вашите критики туку кажете им дека сте тука за нив и дека сте исклучително горди без оглед на сè бидејќи знаете колку труд вложиле тие во целта.
Ти си посебен/посебна. Дајте им до знаење дека нивните различности не се слабост туку доблест.
Знам дека ти го можеш тоа. Секојдневно охрабрувајте ги, а поради фактот дека верувате во нив, вашите деца ќе бидат посигурни во себе.
Ти верувам. Изградете однос кој е полн со меѓусебна доверба бидејќи така ќе ги мотивирате да бидат искрени во животот.
Те сакам. Никогаш не престанувајте да ја искажувате вашата љубов кон нив бидејќи тоа е една од ретките ситуации во кои зборовите се помоќни и попотребни од делата.Во продолжение, погледнете ги 6-те реченици кои треба секојдневно да му ги кажувате на вашето дете.
Сакам кога… Не го ставајте