6 реченици кои секој ден морате да им ги кажувате на вашите деца

Велат дека делата се поважни од зборовите, но во некои ситуации зборовите се сепак посилни од делата, посебно кога се во прашање нашите деца.Во продолжение, погледнете ги 6-те реченици кои треба секојдневно да му ги кажувате на вашето дете. 
Сакам кога… Не го ставајте акцентот на она што го прават “лошо” или “неправилно ” туку пред сè фокусирајте се на позитивните аспекти од нивното однесување.
Се гордеам со тебе. Нема подобра пофалба за добар успех. Меѓутоа, понекогаш даваме сè од себе, но резултатот не е задоволувачки. Во таквите моменти децата не треба да ги слушаат вашите критики туку кажете им дека сте тука за нив и дека сте исклучително горди без оглед на сè бидејќи знаете колку труд вложиле тие во целта.
Ти си посебен/посебна. Дајте им до знаење дека нивните различности не се слабост туку доблест.
Знам дека ти го можеш тоа. Секојдневно охрабрувајте ги, а поради фактот дека верувате во нив, вашите деца ќе бидат посигурни во себе.
Ти верувам. Изградете однос кој е полн со меѓусебна доверба бидејќи така ќе ги мотивирате да бидат искрени во животот.
Те сакам. Никогаш не престанувајте да ја искажувате вашата љубов кон нив бидејќи тоа е една од ретките ситуации во кои зборовите се помоќни и попотребни од делата.Во продолжение, погледнете ги 6-те реченици кои треба секојдневно да му ги кажувате на вашето дете. 
Сакам кога… Не го ставајте

Пронајдете не на следниве мрежи: