6 трикови за мрзливи: Eве како ќе имате чист дом без многу труд!

Тешко дека некој навистина ужива во неколку часа чистење дома, во триење на површини како домот би му бил чист и уреден!Додека некои ги одложуваат долго работите, како што се чистење на каменец или чистење четката од тоалетот, некои не можат да поминат еден ден доколку нивниот дом е валкан. За оние кои можат да се сместат и во двете групи, оние кои сакаат чиста куќата, но без премногу напор, ова е за вас. 
Со овие неколку трикови можете да заштедите нерви, време и пари.
1. Бигор во тушот
Не треба да го поминете целото попладне во обид со некое средство да ја отстрани секоја тошка бигор во тушот. Земете обична кеса за замрзнувач, исполнете ја со јаболков оцет во неа ставете го тушот и врзете ја со ластик за да не се истури. Оставете ја во текот на ноќта, а потоа само исплакнете. Додека вие сте спиеле, бигорот на тушот се стопил, и тушот е повторно чист и уреден. Нема да се намачите многу, нели?
2. Четка за тоалет
Четката за тоалет морате секогаш да ја одржувате чиста, бидејки доколку не е со неа ќе разнесувате бактерии низ тоалетот. Секогаш на дното оставете малку детергент или средство за дезинфекција и нека четката стои во тоа. Се разбира, не заборавајте да ја замените течноста по одреден период и исплакнете го садот доколку е потребно.
3. Микробранова
Веќе со само една употреба микробрановата печка може да стане мрсна и нечиста. Ако ви се случило тоа а вие веднаш не сте ја исчистите внатрешноста, не грижете се, вие не сте единствени. И ако го одложувате премногу долго чистењето на микробрановата печка и ви се чини како голема работа која бара многу време и енергија. Стави во чинија малку јаболков оцет и сода бикарбона, и ставете го во микробрановата печка. Отстранете ја чинијата и со чиста крпа избришете ја внатрешноста, најдобро е со микрофибер крпа. Пареата која се создала со загревање на оваа мешавина, ги омекнува мастите, и ќе ви биде полесно да избришете.

4. Восок за автомобил
Апарати кои ги имате во вашето домаќинство, можете да ги избришете со восок за автомобилот. На овој начин ќе ги избегнете отпечатоците од прсти и прашина, а тоа значи дека ќе имате помалку за чистење.
5. Пред печење, ставете фолија
Ако печете нешто што знаете дека ќе пушти многу маснотии, користите го овој трик. Во тавчето ставете алуминиумска фолија и продолжи да ја подготвате храна нормално. Ќе имате многу помалку работа за чистење на садовите по оброкот 
6. Исчистете креветната светилка од прашина
Ако имате проблеми со светилките, еве една идеја. Послужете се со ролер за отстранување на влакна, едноставно прејдете ја со него ламбата. Сепак, тоа направете го темелно.Додека некои ги одложуваат долго работите, како што се чистење на каменец или чистење четката од тоалетот, некои не можат да поминат еден ден докол

Пронајдете не на следниве мрежи: