6 крофни за појадок, мафини, чипс… 6 дена јаде здрава храна, а седмиот ден ѝ е ‘cheat day’: Еве како и покрај сè што внесува изгледа одлично

Ливија Адамс (25) вели дека имала комплексен однос со храната, а сега пронашла систем кој за неа функционира.
Додека шест дена во неделата се труди да јаде здраво и да вежба, седмиот дем потполно ѝ се посветува на храната во која ужива.
Ливија, која вежба шест дена во неделата, вели дека седмиот ден целосно се опушта и внесува 9.000 калории, вклучувајќи 6 крофни само за појадок.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Livia Adams (@livia_adams_)


Во 2014-та година имала фирма, била студент, но се борела со депресија, поради која храната која ја внесувала ја ограничила на само 500 до 600 калории дневно.
Со текот на времето Ливија почнала да закрепнува од депресијата, да ужива во животот и да се храни со нешто што претходно си го скратувала.
Неколку години подоцна, почнала онлајн да споделува видеа и фотографии на кои ужива во ‘cheat day’, во обид да им помогне на другите да го вратат здравиот однос кон храната и да им помогне во закрепнувањето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Livia Adams (@livia_adams_)


Во просек Ливија има еден ‘cheat day’ неделно, каде што се фокусира на уживање во храната која ја јаде, а не на внесот на калории – иако се проценува дека би можела да јаде некаде од 5.500 до 9.000 калории на ден.
Во тој ‘cheat day’, јаде: шест крофни за појадок, плескавици и компири за ручек, пица или сендвич со помфрит или похован кромид и млечен шејк за вечера, и чипс, мафини, колачи и јаткасти плодови меѓу оброците.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.