Во случај на претерано консумирање на некои од овие 6 намирници може да дојде до халуцинации и некои компликации. Затоа во вкусовите уживајте умерено, како и во се останато.
1. Една американска студија покажала дека пиење на 7 кафиња дневно може да предизвика халуцинации. Оваа количина може да предизвика да замислувате дека слушате звуци.
2.Чоколадото содржи анандамид, што е спој кој во голема количина внесена во телото, произведува ефект сличен на пушење марихуана. Човек со тежина од околу 60 килограми би требало да изеде оддеднаш околу 11 килограми чоколадо за да го почувствува овој ефект.
3.Јадење на незрела дудинка исто така може да предизвика халуцинации.
4. Британска студија открива дека 20 грама од сирењето со мувла пред спиење може да предизвика бизарни соништа.
5.Феферонките предизвикуваат жестина во устата и грлото, поради што се поттикнува засилено производство на ендофрин и може да се почувствувате помалку „дрогирано“.
6.Макот е намирница со силно наркотично дејство, бидејќи содржи голем процент на алкалоид морфиум.