За да станете успешни, потребна ви е емоционална интелигенција, a eмоционалната интелигенција ви нуди долгорочна стабилност. Сепак, многу често среќавате тешки и токсични личности кои се спротивставуваат на логиката и ја предизвикуваат вашата животна сила. Таквите луѓе ви предизвикуваат стрес и негативно расположение, а еве како емоционално интелигентните жени се справуваат со нив.
6 начини на кои зрелите жени се справуваат со токсичните луѓе
1. Воспоставуваат граници
Вие не можете да им угодувате на сите или да ги исполните сите очекувања.
Откако ќе го разберете и ќе го прифатите ова, ќе се ослободите од еден куп грижи, од несигурноста, од желбата за докажување и од грижата на совестa.
Емоционално интелигентните жени се издигнуваат над хаотичните ситуации и одржуваат дистанца со тешките луѓе.
2. Се фокусираат на решенијата
Наместо да се фокусираат на проблемите предизвикани од токсичните луѓе, тие се фокусираат на активностите што можат да ги подобрат околностите.
3. Тие не забораваат
Некои велат дека искуствата се најдобрите учители, а емоционално интелигентните жени го знаат тоа.
Тие знаат дека претходниот проблем со тешка личност обично раѓа нов проблем.
Дури и кога треба да ѝ дадат втора шанса на таквата личност, тие ќе се обидат да се заштитат себеси вооружени со знаењето што го стекнале од претходното искуство.
4. Го прекинуваат негативниот разговор
Тешките луѓе се полни со негативност и со критики. Интелигентните жени одбиваат да го слушаат тоа и избегнуваат да се мешаат во разговори што создаваат напнатост и што стимулираат негативни емоции.
Таквите разговори буквално ја трошат вашата енергија, ве вознемируваат и вие нема да ја постигнете вашата цел. Никогаш веќе не паѓајте во таа стапица!
5. Тие се фокусирани на својата среќа
Зрелите жени се среќни и сакаат да останат такви во она што го прават.
Тие ги извлекуваат задоволството и среќата однатре, а не од надворешни извори (како што се мислењата на другите луѓе).
6. Се дружат со истомисленици за да имаат поддршка
Соочувањето со тешки луѓе кога сте сами можеби не е најдоброто решение.
Емоционално интелигентните жени имаат поддршка од луѓето што ги почитуваат и што секогаш се тука за нив.