6 психолошки навики кои прават да се чувствувате осамено и лошо…

Многу е важно да имаме добри односи со луѓето, затоа што друштвените врски се голем дел од нашите животи. Меѓутоа, времето потрошено на градење на врски со луѓето не носи секогаш позитивни резултати. Ако забележите дека повеќе време минувате во завршување на туѓите работи, тогаш е време да застанете и да размислите.
Денес се осврнуваме на ова прашање и ги пронајдовме моментите кога морате да ги одредите вашите приоритети.
Не можете да кажете НЕ
Што се случува: На листата на обврски имате повеќе туѓи задачи отколу свои. Помагање, советување, купување, чување, зајмување – секоја ситница го троши вашето време. Кога би ве прашале што тие луѓе направиле за вас, ќе ви биде потребна цела вечност за да ви текне некој пример.
Што да направите: Вашите задачи мора да бидат прв приоритет. Ако некој се обиде да ви каже дека сте себични, тоа најверојатно е манипулација со вашите чувства. Пред слепо да ја подадете раката, запрашајте се дали другата страна само се обидува да ја искористи вашата добрина.


Барате одобрување
Што се случува: Немате доволно самодоверба и постојано се обидувате да го добиете одобрувањето до луѓето чие мислење и не ви е баш најважно. Правите нешто за да добиете пофалби од вашите шефови, колеги, пријатели и роднини. Ако добиете одобрување, чувствувате дека сте направиле нешто „добро“. Ако не го добиете одобрувањето, се чувствувате дека сте направиле нешто неважно или „лошо“.
Што да направите: Морате одлучите дека сте сосема добри и дека не мора да им го докажувате тоа на другите. Наместо да барате одобрување, настојувате да ги постигнете своите цели. Напредувајте во својата професија, водете грижа за своето здравје, љубов и сакајте. Самодовербата ќе стане ваш сопатник и нема да има потреба да барате одобрување од другите.
Не го искажувате своето мислење
Што се случува: Не се расправате, не се жалите, не се борите и не ги браните вашите права. Полесно е да прифатите, да бидете трпеливи, тивки и да бидете добра личност само за да не влезете во конфликт. Но, тоа е само илузија: Ако не го изразувате своето мислење, никој никогаш нема да знае дека го имате.


Што да направите: Дозволете си себеси да имате мислење. Не мора да имате поддршка од оние кои се погласни и кои имаат поголема самодоверба. Кога отворено ќе го изразите своето мислење, тогаш ќе ја покажете вашата индвидуалност. Заслужената почит е поважна од еднократна насмевка.
Се обвинувате себеси за туѓите чувства
Што се случува: Често се извинувате ако не можете да исполните нечие барање или ако не сте погодиле нечии мисли, очекувања или чувства. Лутината, навредата, тагата, незадоволството – сите негативни чувства на другите луѓе ве плашат и предизвикуваат чувство на вина.
Што да направите: Ослободете се од товарот кој се обидувате да го носите, а тоа е одговорност за туѓите чувства, проблеми и очекувања. Кога се чувствувате виновни, размислете за тоа: Што направила таа личност за да го реши својот проблем? Зошто има време за кукање, ако проблемот сѐ уште не е решен?
Не поставувате граници
Што се случува: Секогаш сте подготвени да направите сѐ за секого. Ако некој има итен проблем, ќе се откажете сѐ, ќе возите до крајот на градот само за да му ги решите проблемите. Секогаш ги одложувате своите работи, но не можете да одбиете да помогнете.
Што да направите: Добро е да се грижите за другите, но морате понекогаш да се посветите на себеси. Ако одите на викенд, уживајте во времето и одморот, не мора да го поминете цело време во решавање туѓи проблеми. Тие што ве сакаат ќе имаат разбирање за вас и вашата потреба од мир и време за себе.Правите работи кои не ви се допаѓаат
Што се случува: Заглавените сте меѓу милион туѓи побарувања: на вашите родители, роднини, пријатели, познаници. Ретко одбивате молби, такашто вашето време е поделено на милион ситни парчиња, а ниту едно од нив не е ваше.
Што да направите: Одвојте свој личен простор за одмор, трчање, среќа или патување. Одберете еден ден во кој ќе го правите она што вие го сакате. Одредете ги своите приоритети и добро размислете пред да прифаќате сѐ и сешто.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.