Со менувањето на малите нешта од Вашето секојдневие, ќе можете да си го подобрите животот на подолго време. Со приложените 60 начини, ви гарантираме дека ќе ги почуствувате промените и секако дека ќе вродат со плод. Од вас не бараме драстично да ги следите, туку да си ветите сами на себе дека ќе ги следите и дека според нив ќе го живеете животот во наредните 100 дена. Ова е вториот дел од запознавањето со овие начини.Пари
14. Направете план за трошење на парите. Водете сметка за секој потрошен денар во текот на наредните 100 дена.
15. Применувајте паметни стратегии за трошење парите во текот на наредните 100 дена: Направете листа пред да одите да пазарите за да не купувате работи кои веќе ги имате во домот, запрашајте се дали ви е навистина потребен фиксен телефон, откажете ја претплатата за дополнителните ТВ канали кои реално не ви требаат…
16. Плаќајте само со хартиени пари и чувајте ги ситните кои ги добивате како кусур во касичка или во тегла. Ќе видите колку ќе заштедите за 100 дена.
17. Не купувајте ништо што не ви е апсолутно потребно. Тргнете пари настрана „за црни денови“.
18. Трошете по еден час секој ден за да смислите нов начин за пасивно добивање на приход.
Време
19. Постојано носете си тетратка со себе со цел да си го одржите редот. Забележувајте сè на едно место. Запишувајте ги ваквите работи: идеи за работни задачи, датуми за состаноци, листи за тоа што треба да се направи.
20. Забележете како го трошите вашето време во следните 5 дена. Направете паметна распределба на вашето време за било која активност, а потоа држете се до планот во текот на следните 95 дена.
21. Пронајдете некоја работа на која губите време, а не е многу важна и наместо на неа, посветете го тоа време на друга работа која има повисок приоритет во вашиот живот.
22. Идентификувајте 5 нешта на кои редовно трошите време и ограничете си го времето кое ќе го трошите на нив. На пример: Не гледајте телевизија повеќе од половина час на ден, не посветувајте повеќе од половина час дневно на социјалните мрежи…
23. Престанете со мултитаскингот во наредните 100 дена. Правете ги работите една по една.
24. Секоја вечер планирајте си го наредниот ден.
25. Секој ден правете ја прво најважната задача од вашата листа за најважни работи пред да фатите што било друго.
26. Направете преглед на секоја од наредните 14 недели, запрашувајќи се: Што постигнавте? Дали нешто тргна наопаку?
27. Трошете по неколку минути секој ден за средување на вашето биро.
28. Напишете ги сите обврски и социјални планови што ги имате за својата блиска иднина (100 дена). Потоа, со црвен маркер пречкртајте ги оние кои не ве прават среќни во животот или пак не придонесуваат кон постигнување на вашите главни животни цели.
29. Во наредните 100 дена, секогаш кога работејќи нешто ќе се префрлите на друга активност, запрашајте се: дали вака најдобро го користам моето време?
Здравје
30. За да ослабнете 1 килограм, треба да изгорите 7700 калории. Ако го намалите внесот на калории за 200 на дневна основа, за 100 дена ќе ослабнете 2,5 килограми.
31. Јадете по 5 мали порции зеленчук секој ден во наредните 100 дена.
32. Јадете по 3 мали порции овошје секој ден.
33. Изберете едно јадење кое постојано ви го саботира успехот во вашата диета и откажете се од него во наредните 100 дена.
34. Јадете од помала чинија за да ја контролирате количината на храна што ја внесувате.
35. Купувајте свежо цедени сокови, наместо оние со додадени шеќери и конзерванси.
36. Пијте вода наместо газирани пијалоци.
37. Направете листа со десет здрави јадења за доручек кои лесно можете да ги подготвите.
38. Направете листа со уште 20 лесни, но здрави јадења што можете да ги подготвите за ручек или за вечера.
39. Изберете си десет здрави грицки кои брзо можете да ги направите.
40. Со овие листи планирајте што ќе јадете во текот на секоја недела.
41. Водете дневник на вашата исхрана за да забележите дали отстапувате од планот или не.
42. Вежбајте секој ден по 20 минути.
43. Одете по 10.000 чекори секој ден.
44. Закачете си графикон за вашата телесна тежина во бањата и секоја недела забележувајте ја вашата тежина, мастите и обемот на струкот.
45. Наместете си го алармот да ви ѕвони на секој час. Целта е да имате потсетник за редовно пиење вода.
46. Направете си дневен ритуал – медитирајте, дишете или замислете нешто во главата за да останете смирени.
ПРОДОЛЖУВА…Пари
14. Направете план за трошење на парите. Водете сметка за секој потрошен денар во текот на нареднит



