Во автобус кој е запрен на граничниот премин Табановце е пронајдена муниција.
Според информацијата што ја објави тв Алсат, мобилните екипи на Царинската управа вчера изутрина во автобус на компанијата „Дурмо Турс“ пронашле околу 600 патрони, различен калибар.
Неофицијално, според информациите пласирани во јавноста, се дознава дека запленетата муниција му припаѓа на еден од возачите што го управувал автобусот, кој ја криел муницијата на посебно место.
Од Обвинителство потврдија дека отворена е истрага.
– ОЈО Куманово поведе истрага против 2 лица на кои по предлог на обвинителот им се определени мерки на претпазливост. Продолжуваат да се спроведуваат дејствија за целосно расчистување на настанот и испитување на потенцијална инволвираност и на други лица, соопштија од ЈОРМ.



