Д-р Драгана Дурич од Домот за здравје, во Земун, е вистинскиот избор на дури 2.663 пациенти, кои искажале доверба во неа.
Според податоците на Републичкиот завод за здравственото осигурување, оваа докторка убедливо го завзема првото место.
,,Ми се допаѓа да работам, и пред се ја обожавам својата професија. Тргнувам од фактот да секој пацинет кој е дојден овде, е дојден поради потреба од помош, а понекогаш и за по некој разговор без причина. Работам на начинот на кој што сметам дека е она нешто што е најдобро за пациентите, притоа допринесувајќи за овој успех преку одлината соработка со пациентите.
Да бидам искрена, нема ништо поубаво од моментот кога ќе ме пресретнат на улица, некои од пациентите притоа само прашувајќи ме како сум’’, изјави д-р Дурич, која во Домот на здравје, Земун работи повеќе од 12 години.
Оваа докторка дневно врши и по повеќе од 50 прегледи на пациенти, притоа немајќи одредено време за секој пациент, бидејќи потребното посветено време за потребите на пациентите го гледа на начин според сериозноста и потребите на зададена болест.
Нејзините најчести пациенти се воглавно дијабетичарите, на кои постојаните лекарски прегледи им се неопходни како потребна контрола заради заболувањето и сл.
,,Далеку од тоа да сум најдобра, не би сакала на себе си да си придавам преголемо значење, само поради големиот број на здравствени картони. Голем дел од пациентите ги одбивам, но сепак тие не отстапуваат од фактот да им бидам нивниот матичен лекар, со што на тој начин ненамерно го зголемувам веќе достигнатиот број на пациенти’’, додаде оваа докторка која може да биде достоен пример за каков треба да биде еден доктор.
Погледнете ги следниве статии
Супер радио влезе во Гинис
Ја знаете ли вистинската ФОРМУЛА за Љубов?
Мирисот од пекарите – Причина за поголема добрина кај луѓето
Пронајдете не на следниве мрежи: