Косовските и албанските власти преговараат за можноста Косово во иднина да го корист телефонскиот префикс на Албанија, изјави претставникот на косовското министерство за економски развој, Агим Кукај.
Кукај, за локалниот весник „Косова Сот“, изјавил дека на средбата со албанските власти станало збор за унапредување на соработката во областа на информатичко-комуникациската технологија, но главната тема на разговорите била можноста Косово да го користи албанскиот префикс.
„Наспроти константните пречки од српска страна, косовските и албанските власти изразија подготвеност Косово во пробен период да го користи телефонскиот префикс на Албанија“, доколку за тоа добие согласност од меѓународните институции за телекомуникации“, изјави Кукај.
Тој потсети дека Косово сега ги користи префиксите на Србија, Монако и Словенија.
Косовскиот парламент на почетокот на септември усвои резолуција со која се бара од владата да го замени повикувачкиот број 381, кој важи за Србија, со меѓународниот префикс на Албанија-355.
Овој број не би важел само за фиксната телефонија, туку и за двата мобилни оператори, за кои важат повикувачките броеви 377 и 386.
Макфакс
Погледнете ги следниве статии
Независноста на Косово е неповратна
Српската возачка на Косово не важи
Од односите со Косово на Србија и зависи датумот за преговори со ЕУ
Пронајдете не на следниве мрежи: