Се урна голем супермаркет

Голем супермаркет се урнал непосредно пред отварањето во главниот град на Гана, Акра, при што стотици луѓе останале под урнатините, а според некои извештаи, засега е потврдено дека четворица се мртви.

Локалните медиуми јавуваат дека под урнатините останале најмалку 45 работници.
Медиумите јавуваат дека пред уривањето се слушнала експлозија и дека од под урнатините се слушаат повици за помош.
Спасувачките екипи се на терен и се обидуваат да ги извлечат луѓето надвор. На местото на настанот е упатена и војска која им помага на спасувачките служби и полицијата.

Макфакс

 

Пронајдете не на следниве мрежи: