Шпанскиот уставен суд го потврди законот од 2005 година за брак на истополови двојки и можноста тие да посвојуваат деца, отфрлајќи ја така жалбата на владејачката десница којашто сака да го модифицираат овој закон изгласан во времето владеењето на социјалистите.
Со овој закон Шпанија станува една од првите земји во светот кој на еднополовите двојки покрај брак им дозволува и посвојување деца, покрај Шведска, Холандија, Белгија, Јужноафриканската Република и Норвешка.
Владејачката десна Народна партија побара оцена на уставноста три месеца откако законот стапи на сила на 3-ти јули 2005 година и ја оспори употребата на зборот брак за заедница на две лице од ист пол.
Шпанскиот Уставен суд кој ќе ги објави причините за својата одлука следните денови, во вторникот го потврди законот и го отфрли споменатиот аргумент.
Во периодот меѓу 2005 и 2010 година склучени се повеќе од 20 илјади истополови бракови или 1,8 отсто од сите склучени бракови во Шпанија, покажуваат податоците на државната агенција за статистика.
Државната федерација на лезбејките, хомосексуалците, трансексуалците и бисексуалците вели дека до денес се склучени уште 10 илјади вакви бракови, бидејќи во 2011 година многу од ваквите двојки побрзале да ги озаконат своите врски во очекување на победата на десниот центар на тогашните парламентарни избори.
Одлуката на уставниот суд на Шпанија е објавена во моментот кога француската социјалистичка влада го стави пред парламентот стави предлог за сличен законот, против кој во Шпанија и во Франција се спротиставуваат и десницата и црквата.
Макфакс
Погледнете ги следниве статии
Дали сте за ГЕЈ бракови – анкета на ПУЛС24.МК
Македонија не поддржува геј бракови
Во Москва забранети геј паради во следните 100 години
Пронајдете не на следниве мрежи: