Nestlé отвори Институт за здравствена наука

Институтот за здравствена наука на Nestlé (Nestlé Institute of Health Sciences) официјално е отворен со церемонија одржана во новата зграда во градот Лозана во Швајцарија.

Истражувањата кои ќе бидат водени во Институтот ќе помогнат во обезбедување на здравствена основа на која ќе се развиваат производи кои можат да ги одложат или ублажат тешкотиите кај заболените од дијабетес, прекумерна телесна тежина и Алцхајмерова болест.

Таквата исхрана ќе помогне и во поздраво стареење.
Институтот што се наоѓа во склоп на Националниот политехнички универзитет во Лозана (École Polytechnique Fédérale de Lausanne) ќе се фокусира во областа на здравјето на мозокот, метаболизмот и гастроинтесталниот тракт.
„Nestlé е водечка прехрамбена компанија во светот, што се должи на континуираните инвестиции во секторот за истражување и развој, иновации во производните процеси, производи и пакувања, како и начинот на кој се поврзуваат со потрошувачите. Овој Институт претставува нова потпора на нашите капацитети за истражување.

Една од најголемите можности за развој е тоа што нашето истражување се базира на научно засновани нутритивни решенија за превенција и справување со хроничните болести.” изјави Пол Булке – извршен директор на Nestlé.

Макфакс

Погледнете ги следниве статии

Отворени вратите на БиМилк за граѓаните

Шеќер – скриената дрога во храната

Храната најдобар антидепресив,вкусот на храната го подобрува расположението

 

Пронајдете не на следниве мрежи: