Истополовите бракови и во Мериленд

Американската сојузна држава Мериленд во вторникот на референдум го поддржа озаконувањето на истополовите бракови, а се претпоставува дека деновиве истото ќе се повтори и во државите Мејн и Вашингтон.

Досега шест американски сојузни држави ги озаконија еднополовите бракови во своите парламенти или на судовите, меѓутоа ова е првпат тоа да мине на референдум во САД.

Имено, повеќе од 30 сојузни држави досега со референдуми ја поддржаа уставната забрана за истополовите бракови.

Оттаму, не е чудо што одлуката на гласачите во Мериленд предизвика голема радост ка активистите за правата на хомосексуалците.
„Ова е историја, ова е прекрасно.

Прва држава сме којашто со народно гласање ги озакони истополовите бракови“, изјави лидерот на кампањата за оваа инцијатива во Мериленд, Брајан Елнер.
Во Мериленд по 93 отсто преброени гласачки материјали потврдено е дека иницијатива минува со 52 отсто од освоени гласови. За истото прашање избирачите се изјаснуваа и во Мејн, сојузната држава Вашингтон и во Минесота.

Во Мејн прохомосексуалната иницијатива е во водство со 54 отсто од гласовите по преброени 62 отсто од гласачките ливчиња. Во Вашингтон на сличен процент обработен избирачки материјал геј иницијативата освојува 52 отсто од гласовите. Меѓутоа, во Минесота избирачите најверојатно не се наклонети на законот кој дозволува истополови бракови. Имено по 78 отсто од преброените ливчиња во водство се противниците на инцијативата со 51 отсто.
Досега шест сојузни американски држави ги легализираа истополовите бракови.
Многу американски сојузни држави во своите устави имаат амандмани коишто на некој начин ги забрануваат истополовите бракови и се очекува дека оцената на уставноста на тие мерки најскоро ќе се најде пред Врховниот суд на САД, забележува Reuters.
Барак Обама кој во средата го доби вториот претседателски мандат во мај 2012 година стана првиот американски претседател кој јавно ги поддржа истополовите бракови.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: