Интересни средби се одиграа вечерва во рамките од четвртото коло од Лигата на Шампионите на вториот ден, имено Селтик направи големо изненадување победувајќи го големиот фаворит, тимот на Барселона, Челзи во последните моменти од мечот успеа да дојде до победа со голот на Мојсес, додека пак Јувентус и Баерн во „свој стил“ победија против Нордсјиланд односно Лил.
Големо изненадување на „Селтик Парк“ приредија домаќините, совладувајќи го големиот фаворит Барселона. Ванијама во 21-вата минута погоди за 1-0 и водство на Селтик, тоа беше резултатот при првиот дел. Во вториот дел Селтик во 83-тата минута веќе поведе и со 2-0, а голот на Меси во 90-тата минута беше само за ублажување на поразот.
Челзи победи против Шахтјор во последните моменти од мечот. Торес уште во 6-тата минута стрелаше за 1-0, а само три минути подоцна Вилијан погоди за 1-1. Оскар во 40-тата минута од мечот го доведе домашниот тим повторно во водство од 2-1. Во вториот дел по само две минути игра Вилијан го постигна својот втор гол на мечот и повторно израмни, овој пат на 2-2. Победата на Челзи ја донесе Мојсес во 90-тата минута од мечот.
Јуве славеше со 4-0 над Нордсјиланд со головите на Маркисио во 6-тата, Видал во 23-тата, Џиовинко во 37-мата и Квајареља во 75-тата минута од мечот.
„Гол-шоу“ на Алианц Арената каде Баерн Минхен победи со 6-1 над Лил. Швајнштајнгер во 5-тата минута го отвори мечот за водство од 1-0, потоа следеа головите на Пизаро во 18-тата, Робен во 23-тата, повторно Пизаро во 28-мата и 33-тата, а потоа на 5-1 намали Калу со голот во 57-мата минута, конечните 6-1 ги постави Крос во 66-тата минута од мечот.
Резултати…
Селтик-Барселона 2-1
Челзи-Шахтјор 3-2
Брага-Манчестер Јунајтед 1-3
Јувентус-Нордсјиланд 4-0
Валенсија-БАТЕ 4-2
Баерн Минхен-Лил 6-1
Бенфика-Спартак Москва 2-0
Клуж-Галатасарај 1-3
Фото: uefa
Боаш: Челзи е најсериозен кандидат за титулата
Ешли Кол ја одбил понудата на Челзи
Навивачите на Челзи го одбраа Дрогба за „НАЈДОБАР“
Пронајдете не на следниве мрежи: