Фобиите се честа и најраспространета појава кај голем дел од луѓето.
Голем дел од називите кои се користат за определени стравови или фобии се и не така многу познати, дури некогаш и хумористични, па дури и несфатливи.
Во прилог прочитајте кои се дел од најчестите фобии помеѓу луѓето.
· Метрофобија – ваквите личности патат од страв од поезија.
· Кцоколатофобија -мошне невообичаена но сепак присутна фобија којашто претставува страв од чоколадо и разни чоколадни задоволства
· Аморафобија – страв од љубов. Фобија за која се верува дека е измислена, но сепак постои и верувањето дека луѓето кои се плашат од сериозни врски патат од оваа таканаречена фобија
· Антрофобија – страв од цвеќиња
· Кериофобија – или страв од свеќи. Главоболките предизвикани од премногу силни хемиски миризби како и изгорениците од топол восок, може да бидат добро објаснување за овој вид на фобија
· Орнитофобија – страв од птици
· Филематофобија – страв од бакнување. Секој кој го имал искуството да биде жртва на лош бакнувач, ќе може да ги разбере сите оние кои патат од оваа фобија
· Афенфосмофобија или хамефобија- личности кои се осамени и поради нивните фобии тие не дозволуваат никој да дојде во допир со нивната кожа
· Панофобија – страв од се. Клиничка состојба позната как неодреден страв во која болниот константно се плаши од нешто
· Фобофобија – страв од страв. Оние кои патат од оваа фобија се во постојано ужаснување дека би можеле да бидат во секој момент уплашени од нешто
· Еритрофобија – или страв од црвенеење, најчесто застапена кај срамежливите луѓе
· Итифалофобија – страв од ерекција. Личности кои константно се плашат од својот најдобар другар да не стане спремен за акција во моменти кога не треба
· Анултафобија – луѓето кои се плашат од самата помисла дека би можеле да останат сами до крајот на својот живот
· Апипофобија – страв од пчели
· Arachibutyrophobia (фобија наменета само за граѓаните на Америка) – страв од путерот од кикиритки да не ви се залепи на непцата
Погледнете ги следниве статии
Златно задоволство: Најскапиот вибратор e направен од 24-каратно злато
Целото тело му е прекриено со тетоважи од Втората светска војна
Занимливи факти од полето на природа, анатомија, историја
Пронајдете не на следниве мрежи: