Фото: Шоуто Victoria’s Secret 2012

Минатата ноќ во Њујорк, се одржа едно од најдолго очекуваните шоуа, модниот спектакл на Victoria's Secret. Како и секоја година, и овој пат шоуто се одржа на самиот почеток на ноември, а на него настапија Ријана, Бруно Марс и Џастин Бибер.

 

Од нив тројца, дефинитивно највпечатлив настап имаше Ријана, која со својата очигледно добро смислена појава, ги засени и самите модели на ревијата, најубавите жени на денешницата. 24 годишната пејачка настапи во неколку модни комбинации и одлично се снајде на сцената. Во елегантнтниот црн фустан го нагласи тенкиот струк и раскошното деколте, а во проѕизрната розева чипкана ноќница изгледаше како еден од моделите.

 

По неа, на шоуто настапија и Бруно Марс и Џастин Бибер, кои пистата ја делеа со убавици од типот на Андријана Лима, Александра Амбросио и Миранда Кер.

 

Поврзани статии:

Ангелите на Викторија Сикрет на отворање продавница

 

 

 

Новиот каталог на Victoria's Secret

 

 

 

 

Супер моделите без шминка

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи: