Топ 10 невообичаени спа масажи

Loading...

 

Wellness масажите не претставуваат само употреба на базени, сауни и класични масажи.

Во пролог прочитајте ти топ 10-те најневообичаени спа масажи.

1.       Купка од пиво – сцена од местото на вашите соништа. Меѓутоа содржината на кадата не е за пиење, туку е во служба за прочистување на телото. Но, сепак мешавината на слаткоста на хмељот, протеините и минералите овозможува комплетно природно чистење на телото.

2.       Змиска масажа – Кога би ја замислувале оваа масажа сигурно би ја доживеале како вистинска ноќна мора, но сепак за многумина тоа е еден фантастичен начин за опуштање. Имено изедначеноста на кожата и мекоста на самата змија, лазејќи по вашето тело предизвикува опуштање на вашите мускули и ослободување од стресот. Секако сите змии кои се како дел од овој третман се неотровни, а целовкупниот третман чини 55 евра.

3.       Златна масажа – по ексклузивна масажа и не би можеле да добиете. При оваа масажа на вашето тело се ставаат тенки ливчиња, кои се направени од 24-каратно злато. Самиот состав на златото, супстанците што ги испушта при топлината на вашето тело, делуваат со ефектот на помека и похидратизирана кожа. Вашата кожа после овој третман ќе биде со посебен сјај, но секако се ова би било возможно доколку издвоите 320 евра од вашиот буџет за ова 70 минутно задоволство.

4.       Чај, кафе, саке – Невообичаен спа третман кој е со широка примена во Јапонија. Со купката од кафе би се ослободиле од уморот, со зелениот чај ќе може да се ослободите од вишокот на антиоксиданси, додека со купката од саке би си овозможиле ревитализација на кожата.

5.       Слоновска масажа – Сигурно би помислиле дека ваквата масажа е едно од нештата на кои никогаш не би ни помислиле. Но, сепак ваквиот вид на масажа ужива во својата популарност. Најдобар пример за ваквата масажа би бил Тајланд, каде што слоновите се едни од најголемите стручњаци кога станува збор за wellness. Со своите сурли тие ќе го измасираат вашиот грб, а доколку посакате и поинтезивна масажа, слоновите би можеле да ве измасираат со помош на своите големи стапала.

6.       Рибен педикир – Малите риби помагаат при чистењето и тргањето на мртвата кожа од вашите стапала, притоа правејќи ја мека како бебешка кожа. Овој триесет минутен третман би ве чинел околу 35 евра.

7.       Солена соба – Ладен, влажен и изразено силен возух би бил вистинскиот избор за едно внатрешно освежување. Хималајската кристална сол како и солта од Мртвото море би ви помогнале во проблемите со дишните патишта, алергии, умор и главоболки. Овој третман трае и до 60 минути, а после него ќе се чувствувате освежено како да сте го поминале вашиот ден на отворено покрај некое море.

8.       Вулкански извори – Wellnes оазата со поглед кон некој вулкан е навистина уникатно доживување. Водата од вулканот Аренал во Костарика и комбинацијата до 40 целзиусови степени е совршениот термален извор кој би ви пружил одличен третман на вашата кожа, како и по кој ќе се чувствувате многу поопуштено.

9.       Ледено освежување – Слоганот 'Super Cold -110'  на еден од финските хотели, сигурно би предизвикал заледување на вашата крв во вените. Храбрите гости на овој хотел, кои би се одлучиле за овој третман, ќе ја имаат можноста да поминат три неверојатни минути на температура од – 100 целзиусови степени. Освен вообичаените костими за бањање, гостите се задолжени да носат греачи за своите уши, ракавици, чорапи и топли чизми. Со овој третман се помага пр проблемите како несоница, болка и стрес.

10.    Купка од кал –  Да бидете во кал до вашето грло, сигурно и не би била убава слика, но и покрај се овој вид на третман е и повеќе од лековит. Турската кал од покраината Далијан е одамна позната по својата благотворност, имено помагајќи во чистење на кожата, алерии како и појавата на бори. По овој третман со кал, можноста да се исчистите би ја имале во некои од локалните термални извори.

Погледнете ги слевниве статии

 Со својата роботска нога искачи облакодер од 103 ката

 

 

 

 

 „Пукањето“ на прстите – добро или штетно?

 

 

 

 

 

 Најбараната докторка во Србија: Д-р Драгана и нејзините 2.663 пациенти

 

loading...
Loading...