Камерон Дијаз важи за една од најубавите и најзгодните холивудски актерки, но таа самата признава дека нејзиниот изглед се должи на добрите гени и дека таа не внимава премногу околу здравата исхрана.
Исто така, Камерон сподели со јавноста дека обожава да јаде чварки. Во интервју за британскиот Elle, актерката откри дека ново омилено јадење и се токму чварките, кои во некои од лондонските пабови се служат наместо кикирики.
Минатата година, Дијаз го снимаше филмот Gambit во Англија, и тогаш имаше можност да се запознае со нивната кујна и да ја засака.
“Чварките се моето омилено јадење на светот. Се трудам да бидам дисциплинирана и да внимавам на исхраната, но не сакам ограничувања” – изјави актерката која планира наскоро да издаде книга за здрава исхрана и здрав живот.
Поврзани статии:
Камерон Дијаз-сеуште бомбастична!
Гвинет Палтроу и Камерон Дијаз во поинакво издание
Новата тетоважа на Скарлет Јохансон наменета само за среќници
Пронајдете не на следниве мрежи: