Силен налет на ветрот урна рекламно пано за време на концертот на познатата американска рок група Linkin Park во градот Кејптаун во југозападниот дел од Јужноафриканската Република , при што се повредени најмалку 20 гледачи, јави Associated Press.
Според информациите на агенцијата, по инцидентот на 12 посетители им била пружена медицинска помош во локалната болница.
Како што соопштил претставникот на локалните власт во Кејптаун, Калјси Хатон, несреќниот случај се случил на стадионот „Грин Поинт“, каде што во средата навечер по локално време на отворено се одржувал концертот на Linkin Park. Според Хатонат, сите привремени конструкции подигнати за одржување на настани имаат неопходен сертификат за безбедноста.
Спасувачките екипи коишто брзо реагирале на стадионот, веднаш го отстраниле билбордот и концертот на американскиот бенд набрзо продолжил, забележува агенцијата.
Групата Linkin Park во 2010 година ја доби наградата на европскиот музички телевизиски кaнaл MTV (EMA), за нajдобар концертен настап.
На церемонијата на доделувањето на признанијата EMA за минатата 2011 година, бендот од САД беше прогласен за најдобра рок група на годината во изборот на MTV.
Пронајдете не на следниве мрежи: