сабота, 28 ноември 2026
Најново

61-годишник снимал видеа и правел скици и цртежи од воениот простор и од борбените средства на касарната во Тетово

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против 61-годишен жител на скопското село Студеничани, осомничен за неовластено влегување во воени објекти и документирање на нивната внатрешност.

Според информациите од полицијата, пријавениот, кој бил ангажиран како возач на автобус во фирма што врши превоз за потребите на Министерството за одбрана, на 17 февруари влегол во кругот на касарната во Тетово.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

За време на престојот во објектот, како што се наведува, тој изработувал скици и цртежи од воениот простор и од борбените средства, а направил и три видео записи. Снимките подоцна ги споделил преку мобилна апликација.

Од СВР Тетово информираат дека се преземаат дополнителни мерки и активности со цел целосно расчистување на случајот, по што ќе следуваат соодветни постапки.

Поврзани вести