Стапката на невработеност во Грција достигна највисоко ниво на крајот на август, кога невработеноста изнесувала 25,4 отсто, по ревидираните 24,8 отсто во јули, објави во четвртокот грчкиот завод за статистика ELSTAT.
Тврдокорната рецесија, поттикната и со строгите мерки на штедење кои на државата им ги наметнаа меѓународните кредитори, продолжува да го зема својот данок на пазарот на труд, па невработеноста во Грција во август е повеќе од двојно поголема од просекот на еврозоната, кој изнесува 11,5 отсто.
Во август без работа во Грција биле 1,26 милиони лица, што е за дури 351.66 повеќе во однос на истиот месец лани, покажуваат официјалните податоци.
Во споредба со јули, бројот на невработените пораснал за 23.442 лица.
Макфакс
Погледнете ги следниве статии
Презадолжената Грција во 2014 година излегува од рецесија
Атинското метро со штрајк ја почнува седмицата на протести во Грција
Генерален штрајк во изминатите шест недели во Грција
Пронајдете не на следниве мрежи: