Тројца тибетски монаси се саможртвуваа во знак на протест против политиката на кинеската влада кон Тибет, јавува Associated Press, повикувајќи се на организацијата за заштита на човековите права Free Tibet.
Според раководителот на организацијата Стефани Бригден, актот на саможртвување со самозапалување се случил ноќта кон четвртокот.
Тројца монаси тинејџери на возраст од 15 до 16 години заедно се самозапалиле пред полициската станица во провинцијата Сечуан.
Според извештајот, еден од монасите починал, а двајца други се хоспитализирани со тешки изгореници.
Покрај тоа, во средата, 26-годишна девојка од Тибет исто така се самозапалила во провинцијата Цинхаи, и починала од здобиените повреди.
Официјална потврда за актите на саможртвување нема, забележува агенцијата.
Според официјалните податоци на Пекинг, во периодот од март 2011 до јуни 2012 година како резултат на актите на саможртвување со самозапалување загинале повеќе од 20 Тибетанци.
Кинеските власти тврдат дека постојат докази дека сите такви акти се внимателно подготвени со учество на сепаратистички активисти од странство коишто повикуваат на одвојување на Тибет од Кина.
Тибет останува едно од „жешките“ и најзатворени прашања во денешна Кина, којашто била анектирана во составот на Поднебесното царство во XIII век. Набргу по основањето на Нова Кина во 1949 година, Пекинг и Ласа потпишаа Договорот за мирно ослободување на Тибет, според кој областа влезе во составот на Кина како автономен регион.
Далај Лама XIV Тензин Гјацо побегна од Тибет во 1959 година по вклучувањето на областа во составот на Народна Република Кина. Заедно со неговите приврзаници, тој живее во индискиот град Дармсала, каде што работи „тибетската влада во егзил“.
Во март минатата 2011 година Далај Лама најави оставка од неговата лидерска позиција, но тоа не ги намали полемиките меѓу него и Пекинг, каде што го сметаат за сепаратист.
Макфакс
Погледнете ги следниве статии
Мариовско-мегленски културни средби во манастирот „Св. Илија“ во Мариово
Поголема сума пари украдена од манастирот во скопско Бањани
Украдени 14 икони од дебарска црква
Пронајдете не на следниве мрежи: