Новинарка од Јужна Африка објавила дека едно лице го загубило животот како резултат на рушење на рекламна платформа надвор од стадион во Johannesburg, при што биле повредени уште 19 лица.
Новинарката Kylie Hatton објавила дека жената починала на пат кон болница. Од 19те повредени, 12 лица биле хоспитализирани, додека другите поминале со полесни повреди и веднаш биле пуштени да си одат дома. Инцидентот се случил пред стадионот додека публиката сеуште го полнела стадионот и една од големите платформи за реклами се срушила врз толпата.
Американскиот рок-бенд ја дал следната изјава – “Би сакале да ви пренесеме колку сме тажни и загрижени за сите повредени фанови во инцидентот, и да изразиме длабоко сочуство до семејството на нашата обожавателка која го загуби животот во истиот.”. Бендот изјави дека нема никаква поврзаност со спонзорот кој бил одговорен за инсталацијата на платформата.
Ви препорачуваме да ги погледнете и следните статии:
Brad Pitt во заштита на хомосексуалните бракови
Britney Spears пишува автобиографија
Џенифер Лопез пристигнува во Белград со вграден GPS уред во нејзиното тело
Пронајдете не на следниве мрежи: