Galaxy S3 стана крал на smartphone-ите

Последните статистики од истражувачката фирма Strategy Analytics го прогласија Samsung Galaxy S3 за најпопуларен smartphone во светот, со 10.7% од светската продажба на smartphone-и во третиот квартал.

Според фирмата, моделот на Apple – iPhone 4S паднал на втората позиција со 9.7% после цели 2 години поминати на врвот на оваа листа. iPhone 5 е далеку зад овие модели со само 3.6%. 

Бројките велат дека Samsung продал 18 милиони телефони од моделот Galaxy S3 во третиот квартал, за разлика од оние 5.4 милиони во вториот квартал, што покажува пораст во продажбата од цели 230%. Apple во меѓувреме продал 16.2 милиони копии од iPhone 4S во третиот квартал, што е пад споредено со бројката од 19.4 милиони телефони продадени во вториот квартал. 

“Samsung Galaxy S3 е многу популарен низ Северна Америка, Европа и Азија. Сепак, очекувајте дека продажбата на iPhone 5 ќе го надмине најдобриот модел на Samsung веќе во следниот квартал.”

Профитот на Samsung за овој квартал (Јули-Септември) изнесува неверојатни 7.4 милијарди долари.

 

Ви препорачуваме да ги погледнете и следните статии:

 

Apple поднесе жалба на одлуката на јапонскиот суд во полза на Samsung

 

Google и Samsung прават таблет со појасен екран од iPad

 

Apple ја загуби тужбата за патенти против Samsung во Јапонија 

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи: