Цената на нафтата се стабилизираше во четвртокот на светските берзи по остриот пад вчера, а вниманието по американските избори постепено се враќа на состојбата во американската и европската економија.
Цената на барел сирова нафта на лондонската берза во четвртокот изутрината поскапе за 81 цент на 107, 63 долари, откако вчера падна за четири отсто, што е најголем дневен пад од декември минатата година.
На американската берза барелот поевтини околу 80 центи и со него се тргуваше по цена од 85,27 долари, по вчерашниот пад од пет отсто, што исто така е најголем пад од декември.
Вчерашниот остар пад на цената на нафтата уследи бидејќи фокусот на инвеститорите по реизборот на американскиот претседател Барак Обама, се пренасочи на слабата светска економија и можното негативно влијание врз побарувачката на енергенси.
Денешната нагорна корекција и закрепнувањето би можеле да бидат со краток век, предупредуваат аналитичарите и укажуваат на размерите од вчерашната распродажба.
Спуштањето на цената на нафтата на најниско ниво за последните четири месеци наговестува натамошен пад, сметаат аналитичарите од Jefferies Bach.
Макфакс
Погледнете ги следниве статии
Бензините поефтинуват
Бензинот поевтинува за два денари, дизелот денар
Бензинот поскапува за половина, дизелот за два денари по литар
Пронајдете не на следниве мрежи: