Новата реклама на Google – doodle за Bram Stoker

Не се чувствувам “lucky”, се чувствувам “scared”.

Google одлучи да го земе 8ми ноември за да го прослави името на “таткото на Dracula”, Bram Stoker. 

Да, последниот doodle кој го гледате кога ќе го отворите Google е знак на почит кон наследството кое го оставил Stoker, наследство кое денес веројатно доведе до мегапопуларноста на ликови како Robert Pattinson и Kristen Stewart. Но, за тоа другпат. 

Ирецот Stoker бил театарски критичар пред да “загриза” за пишувањето на романите. Започнал да пишува кога станал директор на театарот Lyceum во Лондон. Неговата концепција за Dracula била формирана како серија дневници, исечоци од весници и сл. 

Неговите приказни се базираат на “идејата Грофот Dracula да се пресели од Трансилванија во Лондон”.

Како и да е, многумина ќе го паметат Dracula како филмски лик, без разлика дали од оригиналниот филм на Bella Lugosi од 1931 година или од филмот со Gary Oldman во режија на Francis Ford Coppola. 

Сигурно ќе си претпоставите дека овој doodle прославува некаков си роденден – и би биле во право. Денес, теоретски, Stoker би славел 165 години. 

 

 

Ви препорачуваме да ги погледнете и следните статии:

 

Google doodle во чест на Иво Андриќ

 

Google во знакот на независноста на Македонија

 

„Моби Дик“ и Google Doodle

 

Пронајдете не на следниве мрежи: