Кафето арабика пред исчезнување

Славното кафе арабика (Coffea arabica), може да исчезне од природата до 2080 година, поради климатските промени коишто се закануваат на плантажите со овој вид кафе, проценуваат научниците чиј труд е објавен во американскиот магазин PloSOne.

„Климатските промени може да доведат до исчезнување на кафето арабика во нејзиниот природен облик многу пред крајот на овој век“, се заклучува во студијата на научниците од Кралската ботаничка градина, западно од британската престолнина Лондон.
Според нивните предвидувања, во природата би можело да дојде до намалување на растението на кафето арабика до 2080 година за 38 до 99,7 отсто.
„Арабиката којашто расте на плантажите на кафе во светот доаѓа од генетски многу ограничената лоза и не се чини веројатно дека би го поднела соочувањето со климатските промени и другите закани“, предупредуваат научниците.
Се претпоставува дека видот Coffea Arabica е првиот вид кафе кој почнал да се одгледува, пред повеќе од илјада години во југозападниот дел од Арапскиот полуостров.

Макфакс

Погледнете ги следниве статии

Пет обиди низ историјата за да се забрани кафето

Пијте кафе и намалете го ризикот од рак на кожа!

Уметност во шоља кафе

Пронајдете не на следниве мрежи: