Кенијка роди близнаци и им даде имиња Барак Обама и Мит Ромни

Кенијка која во четвртокот роди близнаци, ги именуваше по реизбраниот претседател на САД, Барак Обама и неговиот противкандидат во изборната трка Мит Ромни.

Како што наведува кенискиот весник „Стандард“,  жената која се породила во градот Сиаји, во југозападна Кенија изјавила дека бебињата ги именувала по претседателот и неговиот противкандидат во знак на сеќавање на денот на изборите.
Дваесетгодишната Милисент се породила недалеку од селото Когело, каде е роден и таткото на претседателот Обама и каде денес живее 80-годишната маќеа на таткото на Обама, Сара Обама.
Неговата победа пробуди нови надежи во Африка, каде многумина, неговиот реизбор, го гледаат како можност за унапредување на односите меѓу Кенија и САД, наведува Ројтерс.

Макфакс

Погледнете ги следниве статии

181 јавна личност во кампањата за Обама

Клуни главна ѕвезда на женевскиот прием за кампањата на Обама

Обама му дава совети на Џеј Зи како да биде подобар татко

 

Пронајдете не на следниве мрежи: