Лејди Гага вети милион долари за жртвите од Сенди

Контроверзната американска поп ѕвезда Лејди Гага, во моментов на турнеа по Јужна Америка, вети дека ќе донира милион долари во Црвениот крст за жртвите од бурата Сенди во Њујорк, нејзиниот роден град.

„Да го немаше Њујорк, Лоуер Истсајд, Харлем, Бронкс и Бруклин, ќе немаше жени и уметнички каква што сум јас денес“, изјави Лејди Гага.
„Ви благодарам што го изградивте мојот дух. Сега јас ќе ви помогнам вам повторно да го изградите вашиот“, им порача Гага на жителите на градот во кој се родила и пораснала.
Дваесет и шестгодишната пејачка со вистинско има Стефани Германота, додаде дека го дава ова ветување во свое, во името на нејзините родители и својата сестра.
Од Црвениот крст изјавија дека организацијата примила досега 103 милиони долари донации по бурата Сенди којашто го погоди источниот американски брег, најмногу Њујорк и Њи Џерси на 29-ти октомври.

Макфакс

Погледнете ги следниве статии

Лејди Гага добитничка на награда за мир

Лејди Гага е Пикасо

Филмска улога за Лејди Гага вредна 3 милиони фунти

 

Пронајдете не на следниве мрежи: