Ferrari руши рекорди!

Би било огромно потценување на ситуацијата да кажеме дека Ferrari има добра финансиска година. На крајот на месец Септември, Ferrari пријави 959 милиони евра, односно 1.22 милијарди долари во капитал.

Капиталот не е единственото место каде што на Ferrari му оди добро. Ferrari има приходи од 1.764 милијарди евра, односно 2.22 милијарди долари, што е зголемување од 10% во споредба со претходните анализи. Од овој приход, како профит за компанијата Ferrari ќе задржи цели 152.4 милиони евра, 7.6% проценти повеќе од претходниот квартал. 

Најголемите продажби во овој квартал Ferrari ги оствари во САД, Велика Британија, Германија и Јапонија. И покрај лошата економска ситуација во која се наоѓа Велика Британија, продажбата на моделите на Ferrari во Кралството се зголемила за цели 37%. Продажбите се зголемени и во Кина, како и во земјите од Блискиот Исток.

Со оглед на целата ситуација во Европа во моментов, шокирани сме од добрите перформанси на Ferrari на пазарот. Внимателно ќе ја следиме нивната ситуација до крајот на годината.  

 

Ви препорачуваме да ги погледнете и следните статии:

 

Чудовиште со 950 КС – Ferrari ZXX

Ferrari од 300.000 евра уништено за 15 минути!

10те најскапи автомобили продадени на аукција

Пронајдете не на следниве мрежи: