Siemens ќе ги намали трошоците за шест милијарди евра

Германскиот инженерски гигант Siemens во четвртокот претстави обемна програма за намалување на трошоците, со која во наредните две години планира да заштеди шест милијарди евра во настојување да ја сочува конкурентноста во услови на слаба глобална економија.

Највредната германска компанија, која е и предводник на индустријата, се наоѓа под притисок да ги намали трошоците и да го пренасочи фокусот на најпрофитабилните делови од своето работење, со оглед дека на глобалната економија очигледно и треба повеќе време да закрепне, од првичните предвидувања.
„Знаеме што мораме да сториме и тоа и го правиме“, порача извршниот директор на компанијата, Петер Лешер, претставувајќи ја радикалната програма за намалување на трошоците и годишниот извештај за деловните резултати.
Во четвртокот тромесечје од фискалната година, која заврши на 30 септември, Siemens остварил нето добивка од 1,48 милијарди евра, што е намалување од два отсто.
Нето добивката за целата фискална година, која траеше од 1 октомври 2011 до 30 септември 2012 година, намалена е за 27 отсто, на 4,59 милијарди евра, додека вкупните приходи се зголемени за седум отсто, на 78,296 милијарди евра.
„Нето добивката минатата година е значително смалена, со оглед дека не успеавме значително да го подобриме нашето работење во однос на конкуренцијата. Со цел тоа да го поправиме, Siemens планира да ги намали трошоците за шест милијарди евра, да ја засили конкурентноста и да биде побрз и да ја намали бирократијата“, толку Лешер.
Од компанијата не наведуваат повеќе детали за планот за намалување на трошоците.
„Планот ќе има неповолни ефекти врз вработените, иако во овој момент не можам повеќе да зборувам за тоа“, рече Лешер, одбивајќи да прецизира колку работни места ќе бидат укинати.
Реорганизацијата вклучува засилување преку аквизици, како и продажба на оние делови кои подолго време не го исполнуваат очекувањето.

Макфакс

Погледнете ги следниве статии

Ericsson укинува 1.550 работни места

Груевски: При кроењето на буџетот внимававме на сите категории

TraWell Ohrid – нова мобилна апликација на компанијата Codewell

 

Пронајдете не на следниве мрежи: