Откриена нова планета слична на Земјата

Loading...

Тим германски и англиски астрономи открил нова планета која кружи околу блиска ѕвезда на соодветно растојание за развој на клима слична како на Земјата, која би можела да биде погодна за развој на живот.

Тим од научници пронашол три планети во орбитата околу ѕвездата оддалечена 42 светлосни години, но само една од нив се наоѓа во зоната во која температурите не се ниту премногу високи, ниту премногу ниски, што е предуслов за постоење на течна вода.
„Планетата ХД 40307 е совршено тивко старо џуџе, па не постои причина зошто таква планета не би била погодна за живот“, рече Гијом Англа-Ескуде од Универзитетот Гетинген, што го предводеше ова истражување заедно со Мик Туоми од Универзитетот во Хертфордшир.
Планетата има речиси седум пати поголема маса од Земјата, но кружи околу ѕвезда на речиси исто растојание, што значи дека добива слично количество енергија како и Земјата.
Планетата наречена ХД 40307г е дел од системот за кој претходно се веруваше дека се состои од три планети кои се преблизу до ѕвездата за да може на нив да постои вода во течна состојба.

Макфакс

Погледнете ги следниве статии

Најубавите пејзажи од планетата Земја за твитер

Метеор постар од четири милијарди години го чувале како украс во двор

Астероид со големина од околу 50 метри ќе пролета крај Земјата

loading...
Loading...