Американскиот војник Бредли Менинг кого обвинителството во неговата татковина го сомничи дека е „кртот“ на разобличувачкиот интернет ресурс WikiLeaks, предложил да се изјасни за вината за некои прекршоци, но не и за обвинувањата за кои го товарат.
Дваесет и четиригодишниот војник Бредли Менинг предложил „да се изјасни за вината за прекршоци по постапката позната во американскиот правосудство како “одбран со приговор и замена’”, напиша неговиот адвокат Дејвид Кумбс на својот блог, пренесува AFP.
Тој истакнува, меѓутоа, дека не станува збор за изјаснување по вината по точките од обвинението како што ги формулираше американската влада.
Кумбс тврди дека неговиот клиент сака да ја преземе одговорноста за прекршоците кои се опфатени се обвинението.
Воениот суд во Форт Мејди во сојузната држава Мериленд, пред кој Менинг првпат се појави во средата и четвртокот на подготвителното рочиште, треба да донесе одлука дали таквото изјаснување за вината е прифатливо.
Како што истакнува неговиот цивилен адвокат, изјаснувањето за вината не е последица од „договор со владата“.
Кумбс додава дека другите точки од обвинението, меѓу кои е најтешката – „контакт со непријателот“, се уште мора да се докажат во текот на судењето чиј почеток е закажан за 4-ти февруари 2013 година.
Адвокатот Кумбс додава дека обвинетиот се решил да му суди еден воен судија наместо порота, на којашто има право.
Американскиот војник Бредли Менинг е обвинет дека од ноември 2009 до мај 2010 година, додека бил на служба во Багдад од владините компјутери преснимил и му предал на интернет ресурсот WikiLeaks класифицирани американски воени документи за војните во Ирак и во Авганистан, како и 260 илјади тајни дипломатски депеши на американскиот Стејт департмент, што предизвика бурни реакции во светската дипломатија.
За ова обвинение му се заканува казна доживотен затвор.
Макфакс
Погледнете ги следниве статии
Асанж го повика Обама да престане со „лов на вештерки“
Асанж ќе ја тужи за клевета премиерката на Австралија
Еквадор му даде азил на Асанж
Пронајдете не на следниве мрежи: