Новото движење во Унгарија стана втора политичка сила

Новото движење во Унгарија стана втората според популарноста политичка сила во земјата, и тоа само неколку дена по нејзиното формирање, покажуваат резултатите од анкетите објавени во четвртокот.

Сојузот Еѓут 2014 (Egyutt 2014 – заедно) во октомври имал голема поддршка кај испитаниците во Унгарија, искачувајќи се на второто место зад владејачката Фидеш (Fidesz) на конзервативниот премиер Виктор Орбан, и се подготвува за настап на парламентарните избори во 2014 година
Идејата за формирање на партијата Еѓут потекна од поранешниот премиер Гордон Бајнаи истакната на 23-ти октомври за да ја обедини разединетата опозиција и да се обиде да го победи Фидеш на изборите во 32014 година.
Партијата Фидеш во 2010 година освои двотретинско мнозинство во унгарскиот парламент, а опозициските парти со години наназад се обидуваат да им се претстават на гласачите како вистински предизвик за владејачката партија.
Бајнаи, инаку, откако му ја предаде премиерската функција на Виктор Орбан речиси исчезна од политичката сцена, за потоа да се врати на неа дури минатиот месец.
Според истражувањето на агенцијата Median спроведено во периодот меѓу 16-ти и 30-ти октомври, Еѓут во моментов ја има поддршката од 14 отсто од вкупното гласачко тело во Унгарија, повеќе од опозициските социјалисти коишто загубија 4 отсто од истражувањето во септември а раководеа со четири од осумте посткомунистички унгарски влади и коишто имаат 10-процентна поддршка како и десната Јобик. Владејачката Фидеш има 22 отсто доверба кај гласачите, а од претходниот месец загубила само 1 отсто.

Макфакс

Погледнете ги следниве статии

Партијата на власт обвини дека СДСМ партиски вработува

СДСМ: Состојбите во партијата се одлични

Предавање на тема политичка комуникација и организација на современа народна партија

Пронајдете не на следниве мрежи: